Партизан не успеа да се пласира во групната фаза на едно европско натпреварување, па мораше да продава играчи за да ја надополни дупката во својата каса.
„Црно-белите“ прво се разделија со капитенот Светозар Марковиќ, кој ги засили редовите на Викторија Плзен. Сега пристигна нова понуда за Ксандер Северина, кој е посакуван од тимот на Венеција.
Тимот од Серија А дава понуда вредна 1.500.000 евра за играчот роден во Суринам. Со тоа што ќе се плаќа на две рати, првата 500.000 евра, а втората милион евра.
Партизан ќе се обиде да избоксува нешто поголем договор за Северина, која на почетокот од оваа сезона убаво се вклопи во сивилото на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА