Ремсдејл се договори со Саутемптон

Арон Ремсдејл кариерата ја продолжува во Саутемптон, откако „светците“ успеаја да се договорат со Арсенал.

Како што пренесува Би-Би-Си, се очекува Саутемптон да потроши и до 25 милиони фунти за потпис на англискиот голман и дека зделката успешно да биде завршена пред крајот на преодниот рок.

Самиот трансфер е вреден 18 милиони фунти, а на име на различни бонуси Саутемптон би можел да плати дополнителни седум милиони.

Ремсдејл ја одигра секоја минута во Премиерлигата во 2022/23 година, но го загуби местото меѓу стативите кога Рајаа минатата сезона пристигна од Брентфорд.

Се вчитува...