Еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Серхио Рамос си најде нов клуб. Рамос по една сезона ја напушти Севилја.
Иако постоеше голем интерес за Рамос, тој одлучи да се приклучи на клуб кој штотуку влезе во Саудиската Про лига. Така Рамос нема да потпише за Ал Наср, Ал Итихад или Ал Хилал, туку е блиску до потпис за Ал Ороба.
Ал Ороба минатата сезона на убедлив начин успеа да избори пласман во елитата, па сега веќе почнуваат да создаваат конкурентен тим.
Се очекува 38-годишниот Рамос да потпише двегодишен договор во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

