Трипие стави крај на репрезентативната кариера

Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипиеобјави крај на репрезентативната кариера, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Како што е објавено на сајтот на ФА, Трипие се повлекува од репрезентацијата по 54 натпревари и еден гол во дресот на Англија. Трипие дебитираше за Англија во 2017 година, а за репрезентацијата играше на две светски и две европски првенства.

Единствениот гол за Англија го постигна  во полуфиналето на Светското првенство во Русија, кое „Гордиот албион“ го загуби по продолженијата од Хрватска со 2-1..

„Никогаш како млад  не мислев дека ќе играм за мојата земја, а камоли да одиграм 54 натпревари“, напиша Трипие на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newcastle United FC (@nufc)

Се вчитува...