„Слемот на шесте кралеви“ – Рекорден награден фонд на турнирот во С. Арабија

Во октомври годинава ќе биде првото издание на турнирот во Саудиска Арабија „Слемот на шесте кралеви“. На него ќе учествуваат најдобрите тенисери на денешницата: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне, а секој од нив ќе добие по 1,5 милиони долари само за доаѓање.

Шампионот ќе биде платен дури шест милиони долари, што е највисока премија досега во тенисот. За споредба може да послужи податокот дека на победникот на УС Опен ќе му бидат доделени 3.600.000 долари.

Турнирот ќе се игра од 16. до 19. октомври по Мастерсот во Шангај.

 

Се вчитува...