Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза потпиша за Ливерпул, соопшти денеска шесткратниот европски шампион.
Како што е објавено на сајтот на Ливерпул, Киеза (26) потпишал повеќегодишен договор со челниците на клубот од „Енфилд роуд“. Италијанските и англиските медиуми објавија дека Јувентус заработил 13 милиони евра обештетување.
Киеза играше за Фиорентина од 2016 до 2020 година. Претходните четири сезони ги мина во Јувентус, за кој одигра 131 натпревар во сите натпреварувања и постигна 32 гола. Стандарден е италијански репрезентативец, а за „аѕурите“ одигра 51 натпревар и постигна седум гола.
#BenvenutoFederico 👋🇮🇹 pic.twitter.com/WTT15qBCPV
— Liverpool FC (@LFC) August 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА