Беше „волшебник“ како играч, но не и како тренер: Пирло доби отказ од Сампдорија

На Андреа Пирло не му тргна најдобро во тренерската кариера. Некогашниот играч од средниот ред не се покажа во тренерските води, каде што не се задржа повеќе од две години. Така после 14 месеци доби отказ од Сампдорија.

Пирло беше во Јувентус каде се задржа една година, а потоа и во Карагумрук исто така една сезона. Ја презеде Сампдорија лани на почетокот на минатата сезона, но доби отказ само по неколку кола.

Пирло како играч беше дел од Милан, Јувентус, интер, Бреша, а кариерата ја заврши во Њујорк Сити.

Се вчитува...