Кристијано Роналдо доби награда за најдобар стрелец во ЛШ на сите времиња

На посебна церемонија вечерва, Кристијано Роналдо доби награда од УЕФА за најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите.

Португалецот во 183 настапи во најелитното европско натпреварување, постигна 140 голови, и притоа освои пет трофеи во Лигата на шампионите, и стана недостижен со овие негови бројки.

„Посебна чест ми е да бидам тука. Оваа награда има посебно место во моето срце, и ќе има посебно место во мојата колекција на трофеи во Мадеира“, кажа Роналдо на церемонијата.

На церемонијата признание доби и Џанлуиџи Буфон, кој ја доби наградата „Presidents Award“ за 2024 година.

Се вчитува...