Несторовски повторно ќе „тресе мрежи“ во Хрватска?

На врвот во Хрватска ништо ново, но на дното сериозна „кандидатура“ за испаѓање покажува Славен Белупо. Прволигашот од Копривница има само бод на четири меча и засега го има „фенерот“ во свои раце.

На овој тим му се потребни засилувања, а се одлучи да го засили нападот со Илија Несторовски. Како што пренесува „Јутарњи“, наскоро нов играч на овој клуб треба стане Илија Несторовски.

Несторовски е моментално слободен агент откако го напушти Асколи, и бара нов ангажман. ЕКИПА пред неколку дена веќе најави дека за Несторовски има интерес од Хрватска. Тој своевремено беше најдобар стрелец во ХНЛ, кога во сезоната 2014/15 постигна 25 голови во дресот на Интер Запрешиќ, а потоа се пресели во Палермо. Играше и за Удинезе, а потоа и за Асколи во Серија „Б“. Со своето големо искуство може да придонесе за спас на Славен од најлошото во оваа сезона.

Се вчитува...