Челси загуби од Сервет, но ќе игра во Конференциската лига (ВИДЕО)

Челси загуби на гостувањето од Сервет со 2-1 на реванш дуелот од плеј-оф рундата во Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, благодарение на победата од 2-0 на првиот меч во Лондон, „сините“ ќе играат во групната фаза.

А, Челси вечерва поведе со голот на Нкунку уште во 14. минута од пенал. Но, потоа домашните со головите на Гилемено и Кривели дојдоа до пресврт. Сепак, немаа сили за уште еден гол.

Се вчитува...