Македонскиот шампион Е. Пелистер славеше минимална победа над Црвена Звезда од 28-27 на ТВ-турнирот во Добој.
Наспроти фаворитската улога, битолчани се намачија да дојдат до победата низ крајно израмнет натпревар во кој белграѓани имаа и предност од 14-16 на полувремето.
Сепак, со нешто поцврста одбрана „пелистерци“ дојдоа до победа за старт на турнирот.
Најдобар стрелец во победничкот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, кој беше и МВП на мечот. Дејан Манасков заврши со седум реализации, пред Ѓорговски со пет гола, а голманот Митревски имаше пет интервенции. Кај Црвена Звезда, Вујишиќ и Давидовиќ постигнаа по пет гола.
Следниот натпревар за Е. Пелистер во Добој е утре (30. август) против Татабања од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА