Партизан подготвува „бомба“ на крајот од преодниот рок со ангажман на НБА кошаркарот и турски репрезентативец Џеди Осман.
Како што пренесува „Инсајд Евролига“, Партизан има сериозна понуда до охриѓанецот Џеди Осман, кој иако роден во нашиот најголем туристички центар, одлучи да игра за Турција.
Според информации, прва желба на Осман е да остане во НБА лигата, но нема ништо против и да ја разгледа понудата од Партизан.
Осман досега го носеше дресот на Анадолу Ефес во Европа, а во НБА лигата играше за Клвленд и за Сан Антонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА