СЕНЗАЦИЈА: Шокантен пораз на Алкараз уште во 2. коло на УС Опен

Холанѓанецот Ботик Ван де Зандшулп приреди вистинска сензација со победата над Карлос Алкараз во 2. коло на УС Опен.

74-от тенисер во светот го елиминираше третиот носител на турнирот и поранешен негов шампион во само три сета, по 140 минути игра победувајќи со 6-1, 7-5 и 6-4.

Фантастичен меч на Ботик а катастрофален на Алкараз кој беше целосно загубен на теренот од почетокот до крајот.

Ван де Зандшулп во следната рунда ќе игра против Британецот Џек Дрејпер.

Се вчитува...