Шест екс-ју екипи во групната фаза на европските натпреварувања: Словенија со две екипи, Македонија е далеку…

Шест фудбалски екипи од поранешните ју-простори за изборија за групна фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања.

Во Лигата на шампионите ќе играат белградска Црвена Звезда и Динамо Загреб, а уште четири екипи ќе се натпреваруваат во групите од Конференциската лига на УЕФА.

Интересно, Словенија за првпат во историјата ќе биде со две екипи во групната фаза. Олимпија Љубљана и Целје се изборија за групи во Конференциската лига каде ќе играат и ТСЦ Бачка Топола од Србија и Борац Бања Лука од БиХ.

Македонските клубови, како и сите години изминати, се далеку од неопхдниот квалитет, ниту блиску до можноста да се изборат за фудбалска есен на Стариот континент.

ЕКС-ЈУ ЕКИПИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Црвена Звезда (Србија)
Динамо Загреб (Хрватска)

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Олимпија Љубљана (Словенија)
Борац Бања Лука (БиХ)
ТСЦ Бачка Топола (Србија)
Целје (Словенија)

Се вчитува...