Aбрахам на позајмица во Милан, Салемакерс заминува во Рома

Тами Абрахам дојде во Милан на лекарски прегледи пред да стави потпис на едногодишната позајмица. Од друга страна, Алексис Салемакерс од северот на Италија се упати кон Рим каде ќе потпише со Рома.

Челниците на клубот од италијанската престолнина бараа десет милиони евра за Абрахам. Милан беше подготвен да плати само седум. На крајот беше постигнат компромис за размена на двајцата фудбалери на позајмица, без опција за откуп следното лето.

Тренерот на „росонерите“ Пауло Фонсека со месеци се радуваше на доаѓањето на англискиот напаѓач. Абрахам во дресот на „волчицата“ го крена трофејот во Конференциската лига во 2022 година. Поради повреда на лигаментите, тој ја пропушти речиси цела минатата сезона и падна во втор план на главниот тренер Даниеле де Роси.

Алексис Салемакерс е член на Милан од 2020 година, но претходните 12 месеци ги помина на позајмица во Болоња. Во походот за пласман во Лигата на шампионите, белгискиот крилен напаѓач постигна четири гола и додаде три асистенции.

Се вчитува...