Прекинат тренингот во Монца – Млад Формула 1 возач доживеа страотен удар

Бруталниот удар на возачот на Мерцедес Андреа Кими Антонели (18) го прекина првиот официјален тренинг за Големата награда на Монца.

Антонели го имаше второто време на патеката кога се излизга само во својот петти круг во Параболика на своето деби во Ф1.

Тој сврти во свиокот 11 и со голема брзина без никаква контрола удри во оградата. Младиот возач веднаш се огласил преку радио дека е добро, по што сите здивнаа, а особено директорот на Мерцедес, Тото Волф.

Во меѓувреме, Антонели безбедно излезе од болидот и го напушти местото на несреќата. Сепак, несреќата сериозно го потресе тинејџерот кој брзо почувствува колку Ф1 може да биде безмилосна.

Тој звучеше уништено преку радиото во моментот кога им се извини на колегите.

 

Се вчитува...