Македонската кик-боксерка Марија Димовска освои златен медал на Светското јуниорско првенство за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта.
Младата кик-боксерка во финалето беше подобра од Мија Лијамичев од Израел со 2-1. Нашата репрезентативка направи уште еден подвиг и успех, откако во февруари беше сребрена на Европското првенство за јуниори и кадети.
Лука Змејкоски го освои сребрениот медал на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА