Наполи со години даваше отпор даго продаде еден од најдобрите напаѓачи Виктор Осимен. Нигериецот направи се што можеше, титулата се врати во Неапол, но сега е време за нов предизвик.
Беше пред трансфер во Челси, меѓутоа лондонскиот тим и натаму размислува дали да ги задоволи неговите апетити кога станува збор за платата, како и за обесштетувањето кое го бара Аурелио де Лаурентис од 80 милиони евра.
Но тука е Ал Ахли. Тие се подготвени да му ги исполнат барањата за плата, па дури и повеќе од тоа. Нигериецот во Ал Ахли го чека договор од неверојатни 40 милиони евра по сезона. Нигериецот имал само едно барање, а тоа е да го напушти клубот кога сака и да се врати во Европа. Саудијците наводно го прифатиле неговиот предлог, и ете го Осимен пред трансфер во Саудиска Арабија.
Тоа не е се од овој клуб. Подготвен е да му донесе и партнер во нападот во името на Ајван Тони. Голгетерот на Брентфорд исто така беше мета на Челси, но нема да може да ја одбие вртоглавата понуда од Ал Ахли. За него Саудијците се подготвени да платат 40 милиони евра обесштетување, што ќе биде доволно англискиот тим да го пушти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

