Кратко траеше сензационалниот камбек на Иван Перишиќ во Хајдук Сплит. По само неколку месеци во клубот од детството тој замина на демонстративен начин, влегувајќи во конфликт со тренерот Гатузо и раководството за што го навлече и бесот на навивачите.
Но, за разлика од минатото тој овој пат не успева така лесно да стигне до нова дестинација. 35-годишникот и беше понуден на Барселона, и експресно одбиен, а сега е ист случајот и со Фиорентина.
Калчолигашот веќе некое време бара засилување на левата крилна позиција. Агентите на Перишиќ стапиле во контакт со раководството на клубот, но за него нема место во италијанскиот клуб, откриваат тамошните медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА