Поранешниот млад македонски репрезентативец Андреј Лазаров не ги оправда очекувањата во Горица и договорот беше раскинат со заедничка согласност.
Лазаров во хрватскиот фудбал дојде минатото лето кога од Тиквеш се пресели во Рудеш, таму одигра солидно и во лошата полусезона на Рудеш беше меѓу најдобрите.
Горица ги забележа неговите игри и го доведе на крајот на јануари годинава, но Лазаров не ги оправда очекувањта, по што клубот се одлучи да го раскине договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА