Гвардиола призна: Грешка беше што го пуштивме Алварез да замине

Манчестер Сити ова лето остана без значаен дел од тимот. Тренерот Пеп Гвардиола во иднина нема да може да смета на услугите на Хулијан Алварез, аргентинскиот репрезентативец кој поради лични причини побара да замине од мрачниот Манчестер и премина во редовите на Атлетико Мадрид.

Овој трансфер ги остави „граѓаните“ без класична замена за Ерлинг Халанд, а во долгата и тешка сезона шпанскиот стратег стравува дека заминувањето на Аргентинецот лошо ќе се одрази по тимот.

„Не очекував дека Хулијан ќе замине и покрај тоа што долго имавме разговори со други клубови и неговиот агент. На крајот се случи тоа. Ако имаме доста повреди во сезоната ќе биде тоа сериозен проблем, но наскоро ќе ни се вратат Оскар Боб и Фил Фоден. Мекати може да ја покрие таа позиција, Гундоган, Бернардо…

Тие се различни фудбалери со споредба со Ерлинг се разбира. Можеби згрешивме што го пуштивме Хулијан да замине. Не знам, но и не сакам да ги оставам играчите без минутажа подолго време. Кога сите се инволвирани во тимот, има и подобри резултати. Ја познавам екипа и знам колку се овие момци посветени и професионални на секој натпревар“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...