Иван Перишиќ предизвика земјотрес во Сплит со барањето да си замине од Хајдук, но потрага по нов клуб не течеше така лесно како што се надеваше 35-годишниот ветеран.
Тој не доби понуди какви што очекуваше, во последните денови интерес покажаа неколку тимови од Италија, но ниту еден од нив не е со посериозни амбиции. Перишиќ на крајот се соочи со реалноста, па реши да ја прифати понудата на Комо, клуб кој летово ангажираше бројни ветерани, а сега сака да го доведе и Хрватот како последно засилување за новата сезона.
Хрватскиот репрезентативец попладнево ја одби Монца, во трката останаа Џенова и Комо, но извори блиски до Перишиќ тврдат дека фудбалерот на Хајдук веќе донел одлука и ќе потпише за Комо, каде тренер ќе му биде Цеск Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА