Векиќ сигурна, Азаренка елиминирана од УС Опен

Дона Векиќ се надоврза на одличните игри на Вимблдон и на ОИ во Париз со сигурен старт и на УС Опен, откако хрватската тенисерка ја забележа и третата победа во низа, и тоа беа загубен сет. Нејзина противничка вечерва беше Американката Кернс, која Векиќ умешно ја совлада со 7-5, 6-4.

Ова е првпат по пет години пауза Дона Векиќ да се пласира во осминафиналето на УС Опен, а таму ја очекува голема пресметка со Женг од Кина, од која загуби во големото финале на ОИ во Париз.

Викторија Азаренка беше непријатно изненадена откако белоруската тенисерка загуби со 1-2 во сетови од Ванг. Тенисерката од Кина моментно е 80. на ВТА-листата, но во одличен меч успеа да го земе скалпот на фаворитката и да се пласира во осминафинале каде ја чека дуел со Шпанката Бадоса, која попладнево со пресврт славеше со 2-1 над Русе од Романија.

Пласман во следната рунда обезбеди и домашната миленичка Коко Гоф, која се врати од еден сет негатива и славеше со 2-1 над Свитолина.

Се вчитува...