Официјално: Манчестер Јунајтед го претстави Угарте

Челниците на Манчестер Јунајтед во последните петнаесетина дена интензивно преговараа со ПСЖ за трансферот на Мануел Угарте, тие напори вродија со плод па „црвените ѓаволи“ вечерва и официјално го претставија 23-годишниот Уругваец за свое најново засилување.

Угарте во периодот од 2021 до 2023 блескаше во дресот на Спортинг Лисабон, лани се пресели во ПСЖ, но не доби премногу шанси кај Луис Енрике. „Светците“ сепак беа упорни во преговорите инсистирајќи на висока отштета за на крајот да добијат загарантирани 50 милиони евра, плус 12 милиони евраврзани со неколку клаузули.

„Мануел беше еден од клучните играчи на пазарот што ги баравме ова лето. Тој е меѓу најдобрите освојувачи на топка на средината од теренот, не се сомневаме дека ќе ни биде од огромна помош“, изјави директорот на Јунајтед, Ден Ашворт.

Самиот Угарте не го криеше воодушевувањето од реализацијата на овој трансфер.

„Неверојатно е чувството да се стане дел од еден ваков гигант, клуб почитуван низ целиот фудбалски свет. Манчестер Јунајтед е амбициозен клуб, а јас сум амбициозен играч, страста на навивачите е многу важна за мене, знам дека Јунајтед има неверојатни фанови и едвај чекам да заиграм на Олд Трафорд“, истакна уругвајскиот интернационалец кој ќе дебитира за „црвените ѓаволи“ по репрезентативната пауза.

Се вчитува...