Челси продолжува со неверојатното трошење на пари откако лондонскиот клуб вечерва го комплетираше и трансферот на Џејдон Санчо, крилниот офанзивец кој пристигнува на позајмица од Манчестер Јунајтед, со клаузула за задолжителен откуп наредното лето.
„Сините“ веќе имаат огромна конкуренција во нападот откако во последните десетина дена ги потпишаа и Нето од Вулверхемптон и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид за вкупна сума од над 100 милиони евра. Во меѓувреме Челси не продаде ниту еден од постоечките офанзивци, во клубот останаа и Палмер, Мадуеке, Џексон и Мудрик, па затоа изненадувачки беше што пред крајот на преодниот рок тргнаа и по Санчо, на крајот успевајќи и да го осигураат потписот на екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд.
Сериозен интерес за Санчо покажуваше и Јувентус, но пресуди желбата на англискиот фудбалер да остане во татковината, поради што Јунајтед во последните 48 часа ги интензивираше преговорите со Челси, за вечерва да биде постигнат и целосен договор за овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

