Вкупно 19 пливачи од девет земји од светот денеска од 11 часот во Св. Наум ќе се најдат на стартот на најпрестижната домашна пливачка манифестација – Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година по 37 пат се одржува под капата на ЛЕН, а во рамките на Фестивалот на водени спортови „Ohrid Water Festival 2024“.
Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 11 пливачи, а во женска конкуренција пријавени се осум пливачки за трката на 25 километри на патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид.
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 евра се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија , а технички организатор е ПК Охридски бранови 2008 – Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА