Познат комплетниот распоред за ЛШ: Миовски дебитира против ПСЖ во Париз

Познат е комплетниот распоред за натпреварите од годинашната Лига на шампионите.

УЕФА го објави распоредот за првата фаза која ќе трае до 29. јануари следната година. Ќе се играат по 18 натпревари во секое коло, согласно неодамнешната компјутерска ждрепка.

Во првото коло, кое ќе се игра на 17./18. и 19. септември ќе играат Јанг Бојс – Астон Вила, Јувентус – ПСВ Ајндховен, Милан – Ливерпул, Баерн Минхен – Динамо Загреб, Реал Мадрид – Штутгарт, Спортинг Лисабон – Лил, Спарта Прага – Салцбург, Болоња – Шахтар, Селтик – Слован, Бриж – Борусија Дортмунд, Манчестер сити – Интер, ПСЖ – Жирона, Феенорд – Баер Леверкузен, Црвена ѕвезда – Бенфика, Монако – Барселона, Аталанта – Арсенал, Атлетико Мадрид – Лајпциг и Брест – Штурм.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во ЛШ ќе дебитира на гостувањето со Џирона против ПСЖ во Париз, додека Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб најпрво гостуваат на Баерн во Минхен.

Се вчитува...