Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова како петтопласирана обезбеди место во финалето во дисциплината Воздушен пиштол 10 метри на Параолимписките игри 2024 во Париз.
Наковска – Бикова постигна резултат од 558 кругови. Таа заврши како шестопласирана во квалификациите меѓу 16 натпреварувачки, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана заради контрола на оружје, не држеше доволно тежина нејзиниот пиштол.
Финалето и борбата за медал за македонската спортистка започнува во 14:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА