Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Дарко Панчев за српските медиуми со свој коментар за обезбеденото учество на Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
Популарниот „Кобра“ нагласува дека челниците на клубот завршиле одлична работа за развој на клубот за што доволно говорат резултатите на меѓународната сцена.
„Работите во фудбалот се менуваат секојдневно, сега е многу тешко да се обезбеди пласман во групите од Лигата на шампионите. Фудбалот зависи од парите, времињата се такви. Порано имавме силни источноевропски клубови сега е многу потешко да се задржат во своите редови младите талентирани фудбалери на Истокот“ – вели Панчев и дополнува:
„Затоа Ц. Звезда во моментов навистина прави и помалку неверојатно работи. Пласманот во елитниот ранг ќе донесе големи финансиски средства и прекрасни натпревари за гледање. Во претходните осум години Звезда постигна одлични резултати, а тоа е благодарение на директорот Звездан Терзиќ и спортскиот директор Митар Мркела, како и остатокот од управата. Сите демонстрираа перфектна работа и целосен фокус на предизвиците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА