Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 полека го комплетира составот за новата сезона. Дел од него ќе биде и американскиот интернационалец Маркис Дејвис кој официјално беше претставен од скопјани.
Дваесетичетиригодишникот ја покрива бековската и крилната позиција и важи за добар шутер за три поени и полудистанца. Колеџ кариерата ја помина на Универзитетот Аркансас каде во својата последна сезона бележи просек од 9.8 поени и 4.5 скокови по натпреар.
„Виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече и со веќе стекнато интернационално искуство со оглед на тоа што минатата сезона настапуваше во финскиот шампионат за КТП Баскет, а добро му е познато и соседството бидејќи настапи и во Босна и Херцеговина за Славија Сараево бележејќи просек од 7.6 поени и 5.0 скокови.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА