Бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и Французинката Каролин Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон, кој денеска се одржа на 25 километри долгата патека на релација Св. Наум – Охрид. Евгениј Поп Ацев забележа одличен резултат, завршувајќи на третото место.
Еванжелиста патеката ја мина за време од 5 часа, 45 минути, 5 секунди, додека времето на Жуис беше 5 часа, 46 минути и 51 секунда. Двајцата маратонци беа први во својата категорија и на двата спринта во Пештани и Метропол. Французинката Жуис минатата година постигна рекорд на Охридскиот пливачки маратон пливајќи ја патеката за рекордно време од 5 часа, 5 минути и 59 секунди.
Во машка конкуренција втор на целта пристигна Марсел Схауле од Холандија со време 5 часа 46 минути 50 секунди, само две секунди пред најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев кој заврши трет со време од 5 часа 46 минути 52 секунди
Втора во женска конкуренција пристигна на целта Мајте Пука од Аргентина со време од 5 часа 52 минути 36 секунди пред Инес Делакроа која пристигна трета со време од 5 часа 57 минути и 18 секунди од Франција.
ФОТО: А. Момироска (www.ohridnews.com.mk)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА