Швјонтек лесно до најдобрите 16 на УС Опен

Моментално најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек, немаше проблеми да се пласира во 1/8 финалето на УС Опен. Ноќеска полската тенисерка ја совлада Пављученкова со 6-4 и 6-2 и без загубен сет се пласираше во следната фаза.

Во следната фаза продолжува и бразилската тенисерка Беатрис Хадад Маја, која исто така со 2-0 во сетови ја совлада Русинката Калинискаја.

Швјонтек во 1/8 финалето ќе игра против Самсонова, додека Хадад Маја ја очекува дуел со Возниацки.

Се вчитува...