Менаџерот на Наполи, Антоио Конте ја коментираше ситуацијата со Виктор Осимен, кој не успеа да направи трансфер во последниот ден од преодниот рок, и остана да биде дел од тимот. Сепак, тој не беше пријавен за настап на натпреварите во Серија „А“ и останува замзрнат.
На прашањето дали планира да го врати Осимен во тимот и да смета на него, Конте одговори со „не“.
„Тие што се надвор од нашиот тим, се надвор и така и ќе остане. Задоволен сум од трансферите во нашиот клуб. Добро се засиливме и сега одиме да ги исполниме нашите цели“, рече Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА