Санчо: Челси е уникатен клуб, среќен сум што сум дел од нив

Повремениот англиски репрезентативец Џејдон Санчо одново го напушти тимот на Манчестер Јунајтед, и во следната сезона ќе игра во Челси.

Крилниот фудбалер истакна задоволство што ќе биде дел од лондонските „сини“, и дека во минатото негови идоли биле Дидие Дрогба и Френк Лампард.

„Сакав да дојдам во Челси бидејќи тоа е уникатен клуб. Мои идоли се Дидие Дрогба и Френк Лампард и сега имам можност да играм во клубот каде што играа. Чувството е феноменално“, изјави Санчо.

Санчо минатата сезона беше дел од Борусија Дортмунд како позајмен, со кого беше дел од финалето во Лигата на шампионите. По завршувањето на сезоната пропадна можноста „милионерите“ да го ангажираат перманентно, па тој оди на нова позајмица.

Се вчитува...