Новите „Галактикоси“ на Флорентино Перез не стартуваа добро. Со две ремија и само една победа, Реал Мадрид предводен од триото Винисиус – Мбапе – Родриго, не можеше да го совлада тимот на Мајорка пред неколку дена.
И покрај тоа што доби атомски напад, сепак, нешто не „штима“ во таборот на Реал.
„МАРКА“ го најде виновникот за слабите изданија на Реал Мадрид, а тоа не е Мбапе, туку Винисисус. Според изданието, Бразилецот не е повеќе истиот играч откако ја доби астрономската понуда од Саудиска Арабија, според која требаше да заработи 1 милијарда евра за пет години, плус бонуси.
– Очигледно е дека Винисиус не го дава максимумот во моментов, иако во едно интервју изрази желба да продолжи да игра за Реал Мадрид и да освои повеќе трофеи. Сепак, неговиот пристап и постапки даваат поинаков впечаток. На Бразилецот му недостига интензитет, желба и што е најважно квалитет. И не е единствениот, ист е случајот и со неговиот сонародник Родриго, а иднината на двајцата моментално е непредвидлива – пишува изданието, кое тврди дека после понудата од Саудиска Арабија, играчот не е повеќе истиот.
Понудата беше навистина импресивна, но наводно Бразилецот не сакал да чуе да се пресели во Саудиска Арабија, барем не сега. Меѓутоа сигурно тоа на него оставило последици, тврди „Марка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

