Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили е во одлична форма пред натпреварите со Фарски Острови и со Ерменија. Ќамили денеска беше стрелец на еден од двата гола за дански Сондерјиске во дуелот со Виборг (2-2).
Ќамили го постигна вториот гол во сезоната, откако минатиот меч беше стрелец и против Митјиланд. Исто така забележа и една асистенција.
На мечот играше и Сефер Емини, додека Иван Николов влезе во игра во 59. минута.
🔔🇩🇰 GOAL | Lirim Qamili | Sønderjyske 1-0 Viborg FFpic.twitter.com/5ilxrvzlR1
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА