Со доаѓањето на Ханс Флик, екипата на Барселона игра онака како што очекуваат навивачите на почетокот на сезоната, а најдобар доказ за тоа е вчерашната убедлива победа против Ваљадолид, во која овој тим победи дури со 7:0.
Јасно е дека германскиот стручњак реши да промени некои работи во соблекувалната и правилата кои ги имаше тимот додека селектор беше Чави Хернандез.
Флик најпрво одлучи дека нема да и дава слободни денови на тимот во неделата како Чави и дека тренинзите ден по натпреварот повторно ќе бидат задолжителни. Се чини дека сето тоа дава резултати, а дека Флик размислува за се покажа и правило кое не ги возбуди премногу сите играчи на Барселона.
Имено, германскиот стручњак реши да воведе „дрес код“ на денот на натпреварите на Барселона. Играчите веќе немаат слобода да се облекуваат како што сакаат на денот на натпреварот, па Флик одлучи дека сите мора да го почитуваат ова правило.
Фудбалерите на Барселона мораат да носат иста облека на денот на натпреварот на овој тим бидејќи не сакаат непотребни пишувања во медиумите за стајлингот на некои играчи, пред се тука се мисли на Жил Кунде, кој неколку пати со својот стајлинг го привлекуваше вниманието на медиумите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

