Хајденхајм е хитот во првите две кола во Бундеслигата, откако денеска оствари голема победа над Аугзбург на гостински терен од 4-0. Во првото коло овој тим триумфираше со 2-0, па така сега со вкупни 6-0 е на првото место на табелата.
Хајденхајм до победата дојде благодарение на Пол Ванер, кој постигна еден гол и запиша една асистенција. Ванер во 9. минута од пенал го донесе домашниот тим во предност. Шиенца во 30. минута зголеми на 2-0.
Во вториот дел уште два гола во мрежата на Аугзбург. Бек во 69. минута од средбата успеа да зголеми на 3-0, додека Брејниг во 73. минута ги постави конечните 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА