Ливерпул е пред победа во големото дерби со Манчестер Јунајтед, и да му донесе дополнителни проблеми на Ерик тен Хаг, откако води со 0-2 на „Олд Трафорд“.
Стрелец на двата гола беше Луис Диаз, кој што погоди два пати, еднаш со глава, и еднаш со десната нога. Првиот гол по асистенција на Салах, а вториот по грешката на Каземиро и по добиената топка од Александар-Арнолд.
Ливерпул постигна уште еден гол, но беше поништен поради минимален офсајд на Салах. Манчестер Јунајтед имаше само еден шут преку Бруно Фернандеш, кој го одбрани Алисон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА