Шпанецот Марк Маркез (Дукати-Гресини) победи на трката за Големата награда на Арагон во Мото ГП во неделата, враќајќи се на највисокото скалило на подиумот за прв пат од октомври 2021 година и по долга серија несреќи и повреди.
Шесткратниот светски шампион, 31-годишниот Марк Маркез беше пет секунди побрз од Хорхе Мартин (Дукати-Прамак), кој го држи водството во светскиот шампионат, бидејќи неговиот најблизок ривал Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) падна и заврши шести на денешната трка.
Третиот е уште еден Шпанец, 20-годишниот Педро Акоста.
Хорхе Мартин е лидер во генералниот пласман со 299 бодови, втор е актуелниот светски шампион Франческо Багнаја (Дукати) со 276, а трет Маркез со 229 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА