Фонсека демантираше проблеми со Леао и Хернандез

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, негираше дека има тензија меѓу него и ѕвездите на тимот Рафаел Леао и Тео Хернандез, откако и двајцата стартуваа на клупата во саботниот нерешен резултат 2-2 со Лацио.

Милан заостануваше со 1-2 на Олимпико кога Фонсека реши да ги доведе Леао и Хернандез во 70. минута. Само две минути подоцна португалскиот крилен напаѓач израмни. Малку подоцна мечот беше прекинат за пауза за освежување, но двајцата фудбалери наместо да одат кај тренерот за инструкции, останаа во друг дел од теренот.

„Мислам дека нема никаков проблем помеѓу мене и Тео и Леао  Нема потреба да создаваме проблеми. Пред натпреварот разговарав со двајцата и тие ја прифатија мојата одлука. Нема проблем меѓу нас. На паузата бев толку фокусиран што не ни забележав дека двајцата ги нема“, објасни Фонсека по средбата.

Се вчитува...