Манчестер Јунајтед имаше уште една бледа партија со која ги разочара своите навивачи, откако загуби од големиот ривал Ливерпул со 0-3 на „Олд Трафорд“. Ако напаѓачите на Ливерпул беа поконцентрирани во финишот од акциите, резултатот можеше да биде поубедлив.
„Црвените“ од Енфилд за само седум минути стигнаа до предност од 0-2 во првиот дел благодарение на Диаз. Колумбиецот најпрво погоди во 35. минута со глава, а потоа по асистенција на Салах, Диаз во 42. минута носи 0-2. При двата гола погреши Каземиро, кој немаше свој ден на „Олд Трафорд“.
Во вториот дел после една добра акција, Салах во 56. минута зголеми на 0-3. Во финишот шанси имаа и Жота и Собослаи, но немаше завршница, па Јунајтед се спаси од поубедлив пораз. На другата страна Зирзе можеше да намали, но не успеа да погоди во голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА