Лесни противници за Баер и Баерн во Купот на Германија, најтешко мина Борусија Дортмунд

Големите тимови генерално можат да бидат задоволни од ждрепката за второто коло на турнирот во Купот на Германија извлечена денеска. Баерн (Минхен) ќе гостува кај Мајнц, а освојувачот на трофејот Баер (Леверкузен) ќе биде домаќин на второлигашот Елверсберг .

Во можеби најинтересната средба, Волфсбург се среќава со Борусија Дортмунд. Минатогодишниот финалист Кајзерслаутерн ќе има тешка задача на гостувањето кај Штутгарт, додека РБ Лајпциг е домаќин на новајлијата во Бундеслигата Сент Паули.

Ќе се одигра само еден натпревар, а натпреварите од второто коло се играат на 29 и 30 октомври.

Се вчитува...