Баерн Минхен оствари победа и во второто коло од Бундеслигата, победувајќи го на домашен терен тимот на Фрајбург со 2-0.
Хари Кејн во 38. минута од средбата од пенал донесе предност, а во вториот дел Томас Милер успеа да зголеми на 2-0.
Во финишот Фрајбург не реализираше пенал за да се врати во мечот. Холер шутираше високо над пречката, со што пропадна можноста за промена на резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА