Томас Милер стана рекордер на Баерн – 710 натпревари

Со денешното влегување во игра за Баерн Минхен, Томас Милер стана легенда на „Баварците“. Играчот од средниот ред го одигра неверојатниот 710 натпревар за гигантот од Минхен, со што го престигна Сеп Маер кој го држеше првото место со натпревар помалку за Баерн, во перидот од 1962 до 1979 година.

Милер рекордот го зачини и со погодок, со кој ја запечати победата на својот тим против Фрајбург од 2-0.

Милер од 2008 година е дел од Баерн Минхен, претходно минувајќи ги младинските категории. Тој е играч-клуб, и играше само за „Баварците“. Пред неколку недели се прости од германската репрезентација за која одигра 131 натпревар и постигна 45 гола.

Се вчитува...