Нашиот најдобар возач Игор Стефановски – Иџе го освои четвртото место на патеката во Илирска Бистрица во Словенија.
Сепак, треба да се напомене дека Иџе се соочи со проблеми пред самата трка, и неизвесно беше дали ќе ја вози втората трка. На тимот на Иџе му го украдоа алататот за промена на гумите, а на патеката имаше дожд, па немаше можност да бидат променети гумите.
И покрај овие проблеми, на крајот го освои четвртото место (во првата трка заврши како трет).
Следната трка е за две недели во Бузет, Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА