Беласица и Охрид одиграа нерешено 1-1 во последниот натпревар од 3. коло во ПМФЛ. Двата тима влегоа во пресметката без победа во првите две кола, а така остана и после ова трето коло, со тоа што Охриѓани го освоија првиот бод во сезоната.
Охрид поведе во 16. минута со голот на Филип Димоски после изведен корнер. Еден од играчите на Охрид на првиот дирек само ја спроведе до Димоски, кој со волеј ја затресе мрежата на домашните.
Во 36. минута од средбата Беласица успеа да израмни со голот на Христовски кој постигна прекрасен погодок од слободен удар. Тој шутираше од 20 метри директно во аголот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА