Тен Хаг: Не сум ви јас Хари Потер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го анализираше убедливиот пораз (0-3) на неговиот тим од Ливерпул во дербито на Премиерлигата.

Холандскиот тренер, без разлика на се, е убеден дека неговиот тим ќе се бори за трофеи сезонава во англискиот фудбал, но дека од него никој не треба да очекува магични резултати.

„Јас не сум Хари Потер, мора да признаете. За тројца играчи ова беше првпат да стартуваат сезонава. Мануел Угарте не играше ниту една минута. Мора да влезе во форма, а потоа ќе му пронајдеме место во екипата. Сигурен сум дека ќе биде значаен за екипата, но треба да бидеме трпеливи неколку натпревари или можеби и еден месец“ – истакна Тен Хаг.

Ливерпул, пак, за разлика од „црвените ѓаволи“, има максимален старт со девет бода и гол разлика од 7-0 во новата сезона откако Арне Слот го наследи Јирген Клоп.

Се вчитува...