Партизан ремизираше без голови со Војводина во меч од Суперлигата на Србија. Екипата од Нови Сад беше поконкретна на натпреварот, но уште еднаш голманот на црно-белите Александар Јовановиќ беше херој на својот тим.
Новиот капитен на Партизан имаше добра партија на голот и го сочива својот тим од пораз. Но, освен одбраните имаше и поенергични реакции кон своите играчи.
Во една ситуација беше бесен на ноншалантното однесување на Кервин Аријага, поради што бурно реагираше и дојде до судир меѓу двајцата. Се внесуваа во лице еден на друг, додека не притрча соиграчот Нихад Мујакиќ да ги раздели.
Јовановић и Аријага у жустрој расправи након дефанзивног пропуста целог тима и мртве шансе коју је одбранио!#partizan pic.twitter.com/03UqiUa035
— Partizan.net (@PartizanNet) September 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА