Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека Фил Фоден не е фит за настап за националниот тим на претстојните натпревари на „Гордиот Албион“.
Англија ќе се соочи со Ирска во Даблин во сабота и ќе ја пречека Финска три дена подоцна на Вембли, а играчот од средниот ред беше повикан од новиот селектор Ли Карсли. Самиот играч за врска ги пропушти последните два натпревари на „граѓаните“ поради вирус, и уште не се опоравил.
„Во моментов мислам дека не може да игра. Се уште не се чувствува добро, има стомачни проблеми, фати вирус. Луѓето велеа дека ќе се подобри со антибиотик“, рече Гвардиола.
Засега од Англија не ја коментираа ситуацијата и дали Фоден ќе биде ослободен. Вообичаено репрезентативците се навикнати да се појавуваат на кампот на националниот тим и дури потоа се одлучува за нивно ослободување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА